Актуелно
Минатата недела 2.059 заболени од грип, сезонава 10.545
Во текот на седмата недела од годинава (од 9 февруари до 15 февруари), во Република Македонија се пријавени 2.059 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи во однос на минатата недела за 24,6 отсто, соопшти Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2014/2015 заклучно со шестата недела од годинава изнесува 10.545 лица (МБ 510,5/100.000 жители). Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.
Споредено со бројот на заболени во седмата недела од минатата сезона, годинава се бележи намалување за 48,2 отсто, а намалување постои и во однос на просечниот број заболени за истата недела во изминатиот 10-годишен период, и тоа изнесува 19,2 отсто. Споредено со истиот период минатата година, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 29,3 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира намалување за 10,4 отсто.


