Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Иванов во Париз им оддаде почит на жртвите во терористичките напади
Претседателот на државата Ѓорге Иванов, го посети местото во близина на концертната сала „Батаклан“ во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади. Во чест на загинатите жртви, Иванов запали свеќа и положи цвеќе на ова место каде стотици граѓани на Париз, секојдневно оддаваат почит за жртвите.
– Со самото наше присуство на овој Самит, укажуваме дека целта која што ја имале терористите не ја постигнаа, не не исплашија. Ние дојдовме тука да бидеме солидарни и со парижаните и со Французите, и да се соочиме со оваа нова реалност, која создава психоза и страв кај граѓаните, кај луѓето. Како што кажав во една моја изјава, ова не е напад само на Париз и само на Франција, ова е напад врз целиот цивилизиран свет, уништување на сите придобивки кои се создадени со дијалог и со почитување меѓу луѓето, изјави македонскиот претседател.





