Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Скопје го одбележа Денот без автомобили
Неколку илјади скопјани денеска на големо велосипедско дефиле, низ повеќе улици во градот, ја одбележаа „Европската недела на мобилност“ односно 22 септември – Ден без автомобили. На дефилето учествуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски како и заменик министерот за животна средина Стево Темелковски.
– Целта на ова дефиле е да се подигне јавната свест кај граѓаните за користење на велосипедот како превозносредство, а воедно исто така да се подигне свеста и на другите учесници во сообраќајот, пред се на моторизираните возила да имаат почитување кон велосипедистите, истакна Трајановски.
Потсети дека Градот Скопје го реализира тригодишниот план за изградба на велосипедски патеки во Скопје, а моментално три компании работат на изработка на првата фаза за изработката на патеките.








