Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Технома 2015 ги отвори вратите – во фокусот промовирање на иновациите во Македонија

Актуелно

ФОТОГАЛЕРИЈА: Технома 2015 ги отвори вратите – во фокусот промовирање на иновациите во Македонија

Денеска во преполната прва хала на Скопски саем беше отворен 41-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015, кој ќе се одржува од 13-ти до 17-ти октомври.

Повеќе од 185 директни од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе се претстават на на Скопски саем, каде се очекува посета од повеќе од 25.000 посетители.

Истовремено, за време на Технома ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова. Домашните и странските компании ќе ги претстават своите најнови технолошки достигнувања, каки и проектите за енергетска ефикасност и иновации.

Оваа година во фокусот на Технома 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.

– „Оваа меѓународна саемска манифестација која од година во година е се подобра секогаш му е потребна на стопанството. Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia). ТАИТРА нуди кориснички услуги за промоција на производи и услуги, развој на пазарот, пронаоѓање на производи/снабдувачи, изложби/средби, поврзувања на бизниси и инвестиции. Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија и Австрија. Технома 2015 ќе се простира на 3 хали во кои ќе се преставуваат фирмите, во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во 4-та хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот. Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми, истакнаa од Скопски Саем.

Секој ден од 11 до 18 часот на Форумот за иновации и технологии се предвидени активности и сите оние кои се заинтересирани имаат шанса да дојдат да се информираат, меѓутоа и да најдат потенцијални партнери за аплицирање за средства до Фондот за иновации и технолошки развој. Работилниците пак ќе бидат секој ден на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.