Актуелно
ФОТО: Вива соковите привлекоа внимание на најпознатиот саем во оваа индустрија – Ануга 2015
Најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци, компанијата Вивакс, успешно се претставува на најпознатиот саем во оваа индустрија – Ануга 2015, што се одржува во Келн, Германија.
Целосниот асортиман под брендот Вива го привлече вниманието на експертите од прехранбениот сектор на саемот кој што се одржува еднаш на две години. Ануга е најзначајниот и најголемиот саем за храна во Европа, но и во светски рамки, а Вива е првата компанија за производство на сокови од Македонија која се претставува на оваа исклучителна манифестација што ги собира релевантните производители, добавувачи, дистрибутери и сите битни компании во прехранбената индустрија.
„Покрај новите партнерства и бизнис врски, контакти за присуство на нови европски и светски пазари, изложувањето на производите е од исклучително значењето и затоа што градите и препознатливост на брендот кон професионалците од овој сектор. На големите саемски манифестации, а Ануга е најголема од овој вид, освен на промотивните активности, насочени сме и кон размена на искуства и информации за последните трендови во прехранбената индустрија “, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.




