Актуелно
Герила акција на УНДП во центарот на Скопје (ФОТО)
Десет маскирани лица трчаа на 5-километарската трка и притоа означија дека без разлика на полот, секој има еднакви шанси да биде победник на маратонот или пак на било која трка во животот.
На мистериозните учесници им се придружија и две познати лица од македонската јавност, кои дури по завршувањето на 5-километрската трка ги открија свои идентитети пред присутните. Познатиот ТВ водител, Марко Новевски и најдобрата кошаркарка на Република Македонија за 2015-та година, Едина Муса, ги изненадија илјадниците граѓани кои беа сведоци на овој спекаткл кој за прв пат се случува во историјата на Скопскиот маратон во Македонија.





