Актуелно
Сончево, попладне краткотраен дожд
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
Во попладневните часови повторно ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено повеќе во североисточниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 26 степени.


