Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хан: Предвремени избори до април наредната година

Актуелно

Хан: Предвремени избори до април наредната година

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска по средбата со партиските лидери во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје изјави дека на пат е постигнување договор за решавање на политичката криза во земјава и најави нова средба за следната недела во Брисел.

Тој меѓу другото рече дека до крајот на април следната година би требало да се одржат нови предвремени парламентарни избори, да се направат измени во изборниот законик и во избирачкиот список.

Хан замина од средбата што од 9 часот утрово се одржува во резиденцијата на ЕУ во Скопје, додека лидерите на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи останаа на средбата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.