ЗАЕВ: Со упорна работа и храбро срце на терен вие уште сега сте нашите победници и наша гордост
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска на Меѓународниот аеродром Скопје ја испрати македонската фудбалска репрезентација за Букурешт, Романија каде ќе се одиграат првите два натпревари од Европското првенство во фудбал.
На испраќањето премиерот Заев на фудбалерите и на стручниот тим им посака успешен настап на ЕУРО 2020, среќа, добра тимска игра и фер плеј и да продолжат со успесите со кои веќе испишуваат нови страници во историјата на македонскиот фудбал пласирајќи се на Европското првенство.
Нашиот национален тим, порача премиерот, покажа дека со упорна работа, со храбро срце на терен и нашата фудбалска репрезентација може да биде дел од најголемите европски тимови.





