Вести
ХАН: Вратите на ЕУ се отворени, одлуката зависи од вас
Вратите на Европската унија за Македонија се ширум отворени и од вас зависи дали тоа ќе го искористите или не. На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан, кој во Скопје официјално го означи почетокот на процесот на скрининг и подготовки за старт на преговори за членство во Европската унија во јуни 2019 година.
Вратата кон ЕУ, рече Хан, е ширум отворена благодарение на реформските приоритети на кои работеше Владата измината година, но и на постигнатите договори за добрососедство со Бугарија и за името со Грција.
– Народот покажа отпор и издржливост, станавте земја за пример во регионот и модел како и останатите да ги решаваат своите билатерални проблеми, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.



