Вести
Одговорните за смртта на Саздовски се гонат за убиство
Против тројцата осомничени за смртта на Никола Саздовски ќе се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“, откако ОЈО Скопје го преквалификува кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година.
– По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Посочуваат дека наместо за кривично дело „насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“ од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.



