Вести
Христијаните слават втор ден Велигден
Христијанските верници – оваа година заедно и православните и католичките, денеска слават втор ден Велигден, кој е државен празник и неработен ден во Република Македонија.
Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а Велигденска миса беше одржана во католичката црква Срце Исусово.
Празнувањето продолжува со воскресенски литургии. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод вториот ден Велигден денеска ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Центар.



