Вести
Најниска температура утрово нула степени, во Маврово снег
Времето во Македонија утрово е облачно и посвежо, на повеќе места со врнежи од дожд, поинтензивни на југот од земјата. Дува слаб северен ветер, поинтензивен на повисоките места и во Гевгелиско.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврово во осум часот е измерена висина на снежна покривка од два сантиметра. Најниска температура од нула степени е измерена во Маврово, Крушево и Лазарополе, два степена во Тополчани, 4 во Ѓуриште, Пожаране и Охрид, 5 степени во Дебар, Претор, Крива Паланка, Берово и Битола, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Куманово и Виница, 8 степени се измерени во Скопје, Дојран, Струмица и Штип, 9 во Демир Капија и 10 степени во Гевгелија.
До осум часот најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа е измерен во Охрид (30 литри на метар квадратен), 24 во Берово, 22 во Демир Капија, 20 во Маврово, 18 литри на квадрат во Виница, 15 во Крушево, Лазарополе и Претор, 14 во Пожаране и Прилеп, 13 во Струмица, 12 литри во Битола, Гевгелија и Тетово, 11 во Скопје, Тополчани и Крива Паланка, 8 во Штип и Ѓуриште, 7 литри воден талог во Дебар, 6 во Куманово и 5 во Дојран.



