Вести
Хуманитарна акција за донација на училишен прибор
Во Градскиот парк кај Школка денеска ќе се одржи хуманитарен музички хепенинг на кој ќе се донираат училишни прибори кои ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства.
Хуманитарниот настан е во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
– Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа, се наведува во соопштението од организацијата „Мрдни со прст“.



