Состојбата со пандемијата е стабилна – учениците од септември може да се вратат во училиште
Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците може да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. Министерот Венко Филипче уверува дека протоколите за учебната година се речиси готови.
– Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели, изјави Филипче.
Соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.



