Вести
Хуманитарниот Велеслалом во Маврово донираше пари за децата од здружението „Проект среќа“
Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ годинава ги доби средствата од Хуманитарниот Аматерски Велеслалом во организација на Ски Центар Маврово, кој се одржа минатиот викенд.
Парите ќе се донираат за летниот камп „Шарено лето 2018“, кој и обезбедува летен одмор на децата што живеат во сиромаштија.
Хуманитарниот велеслалом оваа година се одржжа по 16 пат во Маврово, и е е особено популарен како корпоративен настан, на кој се пријавуваат тимови од најголемите компании во Македонија.



