Вести
Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок
Условна казна од две години, доколку во наредните четири не го повтори делото, и обврска за една година да го плати данокот што претходно не го платила, доби новинарката Ивона Талевска за случајот „Тифани“ на СЈО.
Таа во рок од една година треба да плати данок во вредност од 1.671.611 денари, а во рок од 30 дена да плати казна од 1.000 евра. Рокот за жалба за пресудата е 15 дена.
Дополнително, Талевска како претставник на фирмата „Смарт“, треба да врати и 1.145.979 денари данок во рок од една година.



