Вести
И денеска топло до 31 степен – од вторник дожд и заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од девет до 14 степени, а дневната од 19 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.



