Вести
Исчезна професорката Снежана Тројачанец – сопругот бара помош за да ја најде
Професорката на Земјоделскиот факултет во Скопје, Снежана Тројачанец (52), утрово во 6 часот излегла од семејниот дом и не се вратила дома.
Според описот на апелот кој ги преплави социјалните мрежи, Тројачанец го напуштила домот во пижами и јакна.
За нејзиното исчезнување сопругот ги известил полициската службеници во полициската станица во Ѓорче Петров. На полицијата ѝ кажал дека таа излегла од дома и заминала во непознат правец. Од полицијата велат дека трагаат од исчезнатата жена.



