Вести
Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците
Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува во пресрет на прославата на Нова година и божиќните празници службата за Итна медицинска помош.
Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје”-Скопје најавува дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.



