Настани
Градот убав Ве кани сите – Македонска музика за сите генерации
Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје.
Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.








