Настани
Празничната бајка на Плоштад Македонија започна со многубројна публика, македонска музика и многу дарувања
Многубројна публика, македонска музика, многу дарувања и одлична енергија, се само дел од вчерашната атмосфера на отварањето на празничниот базар, со која Плоштад Македонија блесна во полн сјај.
Во центарот на Скопје од вчера владее новогодишна еуфорија. „Комората на музичка индустрија на Македонија“, во соработка со „Град Скопје“ со посебна радост ги дочекаа сите посетители и им посакаа одлична забава во претстојните две недели.
Младите талентирани музичари од Дајте музика, ја имаа честа да го отворат празничниот базар и со нивниот енергичен настап ја воодушевија детската публика и ги освоија срцата на возрасните. Членовите од бендот Брастет Скопје приредија одлична едночасовна забава. За крај на вечерта публиката уживаше во настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд и едногласно ги пееја неговите најголеми хитови.







