Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Иванов и Трајановски на воскресна литургија во Соборниот храм

Актуелно

Иванов и Трајановски на воскресна литургија во Соборниот храм

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски по завршувањето на Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, на сите православни верници им го честитаа најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и им посакаа многу здравје, среќа, љубов, духовен мир и меѓусебно почитување.

– Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во духовен мир, семејна хармонија и слога, да им посветиме должно внимание и почит и да ги даруваме со многу радост и многу љубов нашите семејства, нашите пријатели, нашите соседи. Во духот на нашите традиции да ги почитуваме сите оние вредности што ни овозможиле да опстојуваме низ векови и да се соочуваме со сите предизвици. Христос Воскресе, навистина Воскресе, изјави претседателот Иванов.

Трајановски на граѓаните на градот Скопје и на Република Македонија им посака здравје, среќа, љубов и меѓусебно почитување.

– Христовото Воскресение е верба во животот, нека ни даде сила и поттик да го реализираме она што сме го замислиле, да оставиме што повеќе дела позади нас и да веруваме во животот. Воедно една порака дека животот е практично бесмртен. Што повеќе да има млади луѓе кои ќе го продолжат нашиот живот, додаде Трајановски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.