Вести
ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ: СДСМ ја прослави победата, ВМРО-ДПМНЕ доживеа тежок дебакл
Според првичните резултати на ДИК, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9, а на ДУИ во 12.
– „Ви ја честитам слободата. Нашиот народ знае што е исправно – заедно да бидеме сплотени во едно општество за сите. Само така ќе одиме напред“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од платото пред Владата, каде СДСМ и коалицијата ја прославија големата изборна победа во првиот круг од локалните избори.







