Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шилегов прогласи победа во првиот круг, очекува Трајановски да му честита

Вести

Шилегов прогласи победа во првиот круг, очекува Трајановски да му честита

Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни во Скопје имаме победа во првиот круг, порача денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните, раче Шилегов.

Тој им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори. На овие избори, како што нагласи, победија граѓаните на Скопје и цела Македонија.

Шилегов рече дека се уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.