Вести
КАФУЛЕТО РАБОТИ НОРМАЛНО: „Дежаву“ во Аеродром не е затворено од УЈП
По пишувањата во дел од порталите дека Управата за јавни приходи го затворила објектот „Дежаву“ во Аеродром, од кафулето целосно ги демантираат овие пишувања.
Нашата редакција се обрати до Зоран Василевски, лице за односи со јавност на кафулето кој изјави:
– „Дежаву работи нормално, како и секој останат ден. И ние како и сите останати угостителски објекти подложиме на контроли, но не се утврдени неправилности и работиме нормално. Целосно ги демантираме тенденциозните објави во дел од порталите и социјалните мрежи дека нашето кафуле е затворено од УЈП.“ – вели Василевски.




