Македонија
Нови авиолинии до Женева и Париз од Скопје: Прекуокеански лет за Америка следен на листата
На барање на македонската дијаспора, оваа година стартуваат редовни летови на релација Женева – Скопје, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Дополнително, воведена е и значајна нова линија од Париз, од аеродромот „Орли“, кој се наоѓа во непосредна близина на познатата Шанзелизе.
Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски нагласи дека промената на политиката на субвенционирање дала резултати.
„За само шест месеци воведовме девет нови дестинации, вклучувајќи линии од Скопје кон Барселона, Лион, Дубаи, Штутгарт и Амстердам, како и од Охрид кон Базел и Истанбул. Овие летови се значаен успех, особено за македонската дијаспора во Швајцарија и Франција, која досега мораше да користи конектинг летови или аеродроми од соседните земји“, истакна Николоски.




