Вести
Казни за фалсификување и препродавање на билети за Суперкупот
Собранието на Република Македонија попладнево едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик со кој се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на 8 август годинава во Скопје.
Законот беше предложен по скратена постапка од страна на четири пратенички групи.
Како што образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев, измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено.



