Промо
Почнува продажбата на билети за 27-та Златна бубамара на популарноста
Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.
Под мотото „Кој чека ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи се што ветила во рамки на својот 27-ми мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот.
Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба од 12 часот преку сервисите на karti.com. mk и МКТickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.




