Вести
Коњаниците тргнуваат за Крушево
Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на Аеродром Златко Марин на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме со што официјално ќе стартува јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Во рамки на манифестацијата дваесетина коњаници придружувани од игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.



