Актуелно
Кризниот штаб на Град Скопје ја следи состојбата со врнежите
По најавите за поголеми врнежи на дожд, изминатово деноноќие екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, заедно со тимови на јавните градски претпријатија внимателно ја следеа состојбата поради опасност од поплави, пред се на т.н. “црни точки” на неколку локации и подвозници во градот.
Од Град Скопје, информираат дека, иако вчерашните врнежи во Скопје беа обилни и, според УХМ, изнесуваат 71 литри на метар квадратен, на терен на ниту една локација немаше појава на поплавување.
И во наредниов период, се наведува во соопштението, Штабот на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.



