Актуелно
Летната сезона започнува: Во сабота се отвора базенот „Аеродром“
Летната сезона и официјално започна со најава за отворање на најголемиот базен на отворено кај нас, Базен Аеродорм.
Во сабота, 6-ти јуни, 2015 година, во 10 часот сите љубители на водата, пливањето, сончањето и уживањето ќе може да бидат дел од отворањето на новата сезона на Базен Аеродром.
Тимот и содржините кои победуваат не се менуваат, па така од менаџментот на базенот најавуваат дека ќе се задржат содржините од изминатата сезона, но и дека ќе се надополнат со забава за најмалите и останати спортски активности. Деталите за новите содржини ќе бидат најавени во текот на месецот.



