Актуелно
Македонија го одбележува Меѓународниот ден на трудот
Меѓународниот ден на трудот што традиционално се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права денеска ќе биде одбележан и во Македонија.
Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и мобилизирање ново членство.
Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права.



