Актуелно
Македонија и Балканот осум години без Тоше Проески
Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осум години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
И годинава 16 маратонци во чест на Тоше тргнаа од Нова Градишка на 13 октомври во 6.20 часот, трчајќи по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше. Тие треба да стигнат денеска во Крушево на неговото вечно почивалиште.
Фановите на Тоше и годинава на 5 октомври го организираа „Ѕвезденото небо“ со кое одбележаа и осум години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во образованието. Во чест на Тоше завчера концерт се одржа во Белград.


![3[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/10/31.jpg)

