Актуелно
Македонија се приклучува кон иницијативата „Најголем глобален час“
Наставниците и учениците од сите основни училишта во земјата се приклучуваат кон глобалната иницијатива „Најголемиот глобален час“ за да се запознаат со новите глобални цели за одржлив развој.
УНИЦЕФ во соработка со Министерството за образование и наука ги покани наставниците во основните училишта да ги истражат важните глобални проблеми како што се човековите права, сиромаштијата и климатските промени на специјалниот Најголем глобален час.
Најголемиот глобален час е иницијатива во која децата од над 100 земји учат за новите цели за одржлив развој усвоени од страна на Генералното собрание на ОН на 25 септември.



