Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со умерен северен ветер – од четврток затоплување
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во северните делови со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарјето повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 14 до 21 степен.
