Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно и ветровито
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.


