Вести
МАКЕДОНИЈА УТРЕ ВО МРАК: Скопје и Охрид се приклучуваат кон акцијата Часот на планетата Земја
Осма година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, кога во 20:30 часот по локално време, во период од еден час во мрак ќе потонат над 178 земји и 7000 града ширум светот.
Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја, заеднички да ги промениме климатските промени!
Поради актуелната сеопфатна ситуација во државата, која за жал има влијание и врз граѓанскиот сектор, оваа година решивме да го намалиме интензитетот на акцијата и да организираме само исклучување на осветлувањето на одредени локации во Скопје и Охрид, а останатите активности кои ги планиравме ќе бидат распределени во текот на годината.




