Вести
МАКЕДОНИЈА ВО МРАК: Моќни видеа од Часот на планетата Земја го обиколуваат светот! (ФОТО+ВИДЕО)
Одбележувањето на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет!
Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјална фотографија направена на Водно во Скопје, на која пишува #EarthHourMK, која беше прогласена за најубава слика направена за акцијата во Европа!
Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од малите дечиња – поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“













