Актуелно
Македонските тур-оператори не ги откажуваат аранжаманите за Турција
Тур-операторите и туристичките агенции, членки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, кои веќе имаат договорени туристички аранжмани (чартер авио-летови и пакет-аранжмани) за летната сезона во Турција, продолжуваат да ги организираат патувањата до понудените дестинации.
Како што соопшти Стопанската комора, оваа одлука е донесена по синоќешните разговори и анализирање на состојбата во Турција.
На одлуката влијаело и соопштението од Советништвото за култура при Амбасадата на Република Турција во Скопје, со кое се потврдува дека сите странски гости кои се наоѓаат и планираат да престојуваат во Турција се сигурни, како и дека во наредните три месеци, почнувајќи од 21 јули годинава, додека трае воведената вонредна состојба, се зголемени безбедносните и превентивните мерки.



