Актуелно
Дваесет и четири годишно момче е спасено од давење во Струга
Дваесет и четири годишно момче од Тетово попладнево е спасено од давење во водите на Охридското Езеро во близина на „Машка плажа“ во Струга.
Го извадил спасител, на Црвениот крст во Струга и по првичната реанимација од тројца спасители момчето е пренесено во Струшката болница од каде се транспортира на скопските клиники.
– Момчето родено 1992 година од Тетово е донесено без знаци на живот. По преземени мерки за реанимација добивме срецева акција и пулс, но централниот нервен систем, односно мозокот не фукнционира. Во моментот се транспортира за Скопје, информира дежурниот хирург во Струшката болница.



