Актуелно
МАКПЕТРОЛ: „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“
Од иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа компанијата Макпетрол АД Скопје која овој пат во продажниот салон на Хонда ја промовираше наградната игра од програмата за лојалност ВЕРНА, под наслов „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“.
Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје, го презентираше концептот на наградната игра, проект целосно посветен на најлојалните потрошувачи.
– „Како современа и пазарно ориентирана Компанија, со воведување на ВЕРНА програмата за лојалност започнавме да ја наградуваме довербата на нашите потрошувачи. Во тој правец продолжуваме понатаму – со желба дa обезбедиме дополнителни погодности и предности, Макпетрол за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност воведува наградна игра под име „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш“- изјави Мишко Тасевски.



