Актуелно
Меѓународен ден на жената – 8 Март
Во Македонија денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
По тој повод Советништвото за култура и информации при Амбасадата на Република Турција со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија организира концерт во Домот на АРМ на тема „Турската музика во Македонија“.
Меѓународниот ден ќе се одбележи и со велосипедска тура низ Скопје која е дел од манифестацијата „Вечери на женски права“ организирана од UN Women во Скопје, во соработка со Институтот за родови студии при Скопскиот универзитет, Универзитетот за аудиовизулени уметности – ЕСРА и Градот Скопје.



