Актуелно
МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Во Берово минус осум степени
Минус осум степени се измерени изутрина во седум часот во Берово, а минус пет во Скопје-Петровец и во Битола, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Демир Капија, Дебар, Струмица, Маврово и во Лазарополе температурата се спушти четири степени под нулата, минус три во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Крива Паланка и Прилеп, минус два во Кавадарци, Куманово, Тополчани, Гевгелија и Претор, минус еден во Охрид, Ѓуриште, Пожар, Крушево, Виница, нула во Пожаране, два во Дојран.
Според УХМР, времето денеска ќе биде умерено облачно и посвежо со сончеви периоди, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервалот од пет до десет степени. Во Скопје слично со температура до седум степени.


