
Македонија
„БАДНИК ЗА СИТЕ! – РАДОСТ ЗА СИТЕ!“ – објавена програмата за Бадниковите поворки
Под мотото “БАДНИК ЗА СИТЕ! – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”, Здружението “Бадникови поворки” и оваа година, традиционално, со повик до целиот народ, на ден 6-ти јануари – Бадник, да земе учество во манифестацијата настани, што се организираат во чест на Празникот на Христовото Раѓање – Божик.
Според овогодинешната програма, најпрво од 10:30 до 11 часот, Здружението “Бадникови поворки” ги повикува сите семејства со деца, да дојдат пред црквата Св.Димитриј во Скопје за да подигнат бесплатни ѕвездички за децата и да учествуваат во формирањето на најголемата бадникова поворка предводена од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Давид Темелков и Златните славејчиња.
Според објавениот распоред на настани, во 11:15 часот, поворката предводена од македонските музички ѕвезди, ќе се упати кон Соборниот храм каде што оваа година, ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки. По тој повод, како што најавува Здружението, во дворот на храмот ќе биде изложено најголемото бадниково колаче високо дури 3 метри и тешко над 100 килограми, ќе бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божикниот концерт што го подготвуваат гореспоменатите музички ѕвезди, ќе биде промовирана и најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”.



