Македонија
Хрватска повлекува пиперки од Македонија – пронајдена токсична материја метомил!
Европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF) испрати итно предупредување до Хрватска, откако во македонски црвени пиперки биле откриени нелегални количини на метомил – опасна супстанца која претставува сериозен ризик за здравјето на луѓето и животните.
Според информациите, пиперките потекнуваат од Македонија, а анализата покажала 0,049 мг/кг (ppm) метомил, што е речиси петпати повеќе од максимално дозволеното ниво од 0,01 мг/кг (ppm).
Поради тоа, Хрватските власти веднаш наредиле повлекување на зеленчукот од продажба.




