Актуелно
Релативно мирна новогодишна ноќ за лекарите – прва година без предозирани со психоактивни супстанци
Релативно мирна новогодишна ноќ имале дежурните екипи во болниците во Скопје. Најмладиот којшто побарал помош на Клиниката за токсикологија има 16 години, а за разлика од изминатите години немало пациенти предозирани со психотропни супстанци.
На Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во текот на новогодишната ноќ примени се 27 пациенти од кои најмладиот има 16 години, а најстариот 48 години.
– Главно се работеше за група на пациенти меѓу 20 и 25 години и посебно сме задоволни и среќни што после многу години немавме предозирани со психоактивни супстанци, изјави утринава директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски.



