Актуелно
Младите со свои пораки до македонската делегација на Генералното собрание на ОН
Младинската мрежа Y-PEER Mакедонија поддржана од регионалната канцлераија на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) го одбележа заминувањето на Македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации предавајќи ги „Младинските препораки за пост-2015“ и младинските разгледници.
По овој повод, во текот на вчерашниот ден младите од Y-PEER Македонија организираа настан во Кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје. Целта на настанот беше да се предадат младинските разгледници со пораки од младите од Македонија и „Mладинските препораки за пост-2015“ на претставници од Министерството за надворешни работи кои понатаму ќе ги достават до македонската делегација која ќе учествува на престојното Генерално Собрание на ООН.
Согласно форматот на настанот, овозоможен беше и простор за кратка дискусија на темите: младинско учество, развојна агенда и „што по Генералното Собрание на ОН“. Присутните млади на настанот имаа шанса да разговараат со г-ѓа Сања Зографска Крстеска, која беше претставник од Министерството за надворешни работи.




