Ви препорачуваме
Телефон создаден за безгранична забава!
Каде што се младите, таму е и забавата, а каде што е забавата, таму е новиот телефон на преклоп Samsung Galaxy Z Flip5. Сето она што го може овој телефон, сите агли од каде што фаќа кадри, феноменални селфија од блиску и од далеку се само неколку од мноштвото „зезалици“ во кои уживаат сите од Џен Зи кои го користат овој уред.
Galaxy Z Flip5 – не мора да го отвораш бидејќи го има најголемиот надворешен екран од флип моделите на Samsung
Овој телефон го претставува последниот крик на иновациите за телефоните на преклоп, а неговите перформанси се толку многу посветени на начинот на живот на неговите корисници, што на крајот од денот за овој телефон со право се вели дека ќе го дефинира твојот стил. Компактниот, издржлив и единствен дизајн освен што доаѓа во cool несекојдневни бои, ќе те шармира и со неговата подобреност во поглед на можностите за изразување и поразновидните опции за прилагодување и пристап до сите функции. Ова е овозможено од новитетот Flex Window – најголемиот надворешен екран од 3,4 инчи на Flip телефон направен досега, што ќе ти овозможи доволно простор и ќе те поттикне да ја изразиш својата креативност, а со тоа и својата личност. Ќе можеш да си го уредиш екранот според твој личен вкус од големиот избор на различни графички часовници, тапети или рамки, или со додавање виџети за да пристапиш до информациите што ти се потребни брзо и лесно. Со новиот Flex Window, секој инч од екранот може целосно да биде посветен на тебе, и не само што со овој надворешен екран појасно ќе можеш да ги извршуваш сите рутински, секојдневни работи кои ги правиш на својот телефон, туку ќе имаш и опција сo целосна QWERTY тастатура, така што најголем дел од твоето искуство со мобилниот телефон ќе можеш да го имаш на величина која застанува во предниот џеб од твојот џинс. Едноставно, твојот Galaxy Z Flip5 ќе биде ТИ. Зарем не е тоа супер?







