Магазин
Десет млади од Македонија на Филмскиот фестивал Џифони во Италија
Од 20 до 29 јули во Џифони Вале Пјана во Италија се одржува 53-то издание на Филмскиот фестивал Џифони, најголемиот филмски фестивал за деца во светот.
Меѓу 6500 учесници од триесетина земји, Македонија повторно е застапена со најбројна делегација: десет претставници на возраст од 14 до 19 години, избрани меѓу најактивните учесници на последното издание на Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија.







